Јувентус бара замена за Буфон – Стигнува голман за 50 милиони евра?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус се подготвува за живот без својата легенда.

Тешко дека може да се замисли фудбалот без Буфон, но тоа наскоро би можело да се случи. Легендарниот голман наполни 39 години и се приближува моментот кога ќе треба да се пензионира.

Италијанските медиуми веќе некое време пишуваат дека Јувентус се обидува да го донесе Донарума, па се подготвени да платат 50 милиони евра за неговите услуги, но Милан нема да го пушти толку лесно, па сега тие се фокусираат на Давид Де Хеа.

Шпанскиот голман минатото лето требаше да замине во Реал, но трансферот пропадна во последен момент.

50 милиони евра изгледаат како пристојна цена за овој голман.