Јувентус влегува во трката по фудбалерот на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Јувентус ја разгледуваат опцијата да го донесат фудбалерот од одбраната на Реал Мадрид, Рафаел Варан.

Пред околу две недели излегоа информации дека францускиот репрезентативец  ќе си замине од Реал Мадрид, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед.

Сепак, сега според „Спорт“ и Јувентус се вклучува во трката за потписот на овој фудбалер кој речиси сигурно ќе си замине од „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок.

Освен Манчестер Јунајтед и Јувентус за Рафаел Варан постои интерес и од ПСЖ и Баерн Минхен.