Јувентус добива големо засилување: За трансферот ќе плати „само“ 6 милиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По толку многу вести за Јувентус и Алекс Витсел, стигнува најнова во овој момент.

Италијанските медиуми повторно пишуваат за Јувентус и за потенцијалното засилување на овој клуб, Алекс Витсел.

Витсел договори трансфер во текот на летото, но Зенит одби да го пушти, иако има договор со Русите само до јуни оваа година.

Тогаш можеа да го продадат за многу повеќе пари, а сега работата е сосема поинаква. Витсел не само што чини многу помалку, туку тој на теренот не покажа ништо друго освен незадоволство.

Сега вреди околу 6 милиони евра, толку Јувентус ќе му понуди на Зенит, па така Русите ќе имаат последна шанса да заработат нешто на него.