Јувентус доведе шеснаесетгодишник од Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Торински Јувентус купувањето во продолжи во Барселона.

Така синоќа челниците на Бјанконерите го завршија трансферот на 16-годишниот напаѓач Пабло Морено кој во Торино пристигна од Барселона.

За услугите на овој талентиран фудбалер, Старата дама издвои три милиони евра, а младиот Шпанец ќе се приклучи на младинската селекција на тимот од Торино.

Се работи за многу талентиран фудбалер кој ја започнал својата кариера во Ла Масија и е член на младинските селекции на Шпанија.

Неодамна наполни 16 години и ова му е прв голем трансфер во кариерата.