Јувентус доведува сензација од Португалија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Јувентус порачаа дека оваа зима нема да прават посебни промени во играчкиот кадар, но дека ќе доведат неколку засилувања доколку се створи прилика за тоа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Јуве сакаат да се свртат кон млади фудбалери кои би можеле да бидат иднината на клубот. На мета на Старата дама се наоѓа младиот португалски играч Тринкао кој игра за Брага.

Тој неоамна го прослави својот 19. роденден и веќе сега се наоѓа на мета на европските клубови. За јуниоркиот тим на Португалија има одиграно 16 натпревари и има дадено 11 голови со што привлече внимание од многу клубови.

Наводно, преставници од Јувентус се состанале со Хорхе Мендес кој е негог агент и јасно му дале до знаење дека сакаат да го доведат. Старата дама веројатно ќе го откупи неговиот договор кој изнесува 15 милиони евра и ќе го прати на позајмица до крајот на сезоната.