„Јувентус е како ПСЖ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло, изјави дека е задоволен со моменталниот квалитет на фудбалот во италијанската Серија А.

Пирло во минатото лето се одлучи да го напушти Јувентус и својата кариера да ја продолжи во американската МЛС во екипата на Њујорк Сити.

Иако имаше понуда да се врати во Италија, искусниот играч за врска се одлучи да остане во САД.

„Немав шанса никогаш преку ТВ да ја следам Серија А. Можам да признам дека сум задоволен со квалитетот на фудбалот во Италија. Вистина е дека имав понуда од Интер, но сакам да останам во Америка бидејќи желбата ми беше да дојдам тука. Нема смисла после само една сезона да се вратам во Италија“, рече Пирло.

Некогашниот италијански репрезентативец призна дека Јувентус е убедливо најдобра екипа во Италија, и дека тешко е да се очекува некој друг да ја освои титулата шампион“.

„Јувентус е едноставно пред сите клубови по се. Старата дама е како ПСЖ во Франција кој е недостижен на останатите екипи. Само се надевам дека во оваа сезона ќе направи исчекор во Лигата на шампионите“, додаде Пирло.