„Јувентус е најдобриот тим во Европа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело Липи тврди дека екипата на Јувентус е моментално најсилна во Европа.

Човекот кој 8 години ја предводеше старата дама вечерва со сето срце навива за истата против Барселона во 1/4 финалето од ЛШ каде Јувентус има предност од 3:0.

„Јувентус игра тимски фудбал, одбраната е перфектна, а за Џиџи Буфон и да не зборувам. Верувам дека ова е нивната година и дека можат да ги освојат сите трофеи. Верувајте ми кога кажувам дека Јуве е најдобар во Европа“ – вели Липи

Последниот трофеј за Јувентус во ЛШ беше во 1996 кога тимот го водеше токму Липи.