Јувентус избра нов тренер?

Масимиљано Алегри би можел да ја напушти клупата на Јувентус наредното лето.

Иако со Јуве има договор до 2020, Алегри изјави дека нема намера да го води тимот повеќе од 5-6 години туку дека неговата желба е да ја води репрезентацијата на Италија.

Медиумите од Италија се уверени дека наредното лето Алегри ќе ја превзеде репрезентацијата, а веќе е познат и кој ќе го замени на клупата на Јувентус.

Нов тренер на Јувентус најверојатно би бил Симоне Инзаги.

Инзаги моментално го води Лацио и е доста близок пријател со првите луѓе на Јувентус, а неговата одлична работа во Лацио би можела навистина да го донесе во Јувентус наредното лето.