„Јувентус има седум животи, како мачките“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во петок навчер ќе се одигра натппреварот помеѓу Наполи и Јувентус, во рамките од 15.то коло од италијанското првенство.

„Овој натпревар не е како останатите“, изјави Маџо за АНСА.

„Го чувствувам тоа бидејќи сум во Наполи веќе 10 години, од моментот кога сме повторно во друштво на најдобрите и знам што тоа значи за клубот.“

„Јувентус моментално е во мала криза, додека ние играме во добра форма, но мораме да сфатиме дека сеуште ништо не сме постигнале“.

„Оваа година ги поправивме работите во дефанзивата, а исто така доаѓаме до победа и кога не играме најдобро што можеме“.

„Веруваме дека можеме да постигнеме позитивен резултат на оваа средба пред тргнувањето за Холандија каде не очекува натпревар во Лигата на шампионите“.

„Свесни сме дека Јувентус е добар. Тие имаат седум животи како мачките“, изјави дефанзивецот на Наполи.