Јувентус не се откажува од Шчезни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од тимот на „Старата дама“ се уште се надеваат дека може да го донесат голманот Војчех Шчезни за следната сезона.

Првата понуда на шампионот на Серија А во вредност од пет милиони евра беше експресно одбиена од редовите на Арсенал, а сега Јувентус подготвува нова во висина од осум милиони евра. Сепак, од Арсенал бараат најмалку 15 милиони евра за услугите на полскиот интернационалец.

Договорот на Шчезни со клубот од Лондон истекува во јули, 2018 година.