Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите кои пристигнуваат од Италија, Миралем Пјаниќ добил слобода да одлучи што сака да прави на крајот од сезоната. Доколку сака да го напушти клубот може да го направи тоа, нормално со надокнада која ќе одговара.
Наводно, веќе има неколку понуди пристигнато до Торино и ќе биде навистина интересно да се види што ќе одлучи на крај Пјаниќ.
Покрај него клубот на лето може да го напушти и Сами Кедира. Повредите се главна причина што Бјанконерите сакаат да го продадат.
Миралем Пјаниќ константно се поврзува изминатиот период со заминување од редовите на Јуве. Тој се поврзуваше со Реал Мадрид, Барселона и со Манчестер Јунајтед.
Сепак, официјална понуда никогаш немаше пристигнато на адреса на тимот од Торино, овие информации треба да се земат со резерва.
Пјаниќ оваа сезона одигра вкупно 21 натпревар за Јуве, запиша три голови и две асистенции