Јувентус се договори со ново засилување, а наскоро следуваат уште три!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус потпиша договор со Емре Џан, откако ги помина лекарските прегледи, а Кансело е речиси нов играч на актуелниот италијански шампиони.

Досега, „старата дама“ ги врати Калдара и Спиначола од позајмица, а го купи Матија Перин, но тука не планираат да сопрат бидејќи Масимилијано Алегри сака уште три играчи.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри е заинтересиран за Александер Головин и Адриан Рабио, но следуваат наскоро преговори и ќе бида познато кој ќе пристигне во нивната екипа.

Како замена за Ругани, кој најверојатно ќе се пресели во Челси, се споменува Де Лигт од Ајакс, кого Мино Рајола го убедува да прифати понуда, но ќе мора да го убеди и Ајакс, кој има подобри понуди од Англија.