Јувентус се засилува со играч вреден 35 милиони?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според медиумите, фудбалерот на Лион би можел да стане играч на Јувентус.

Наводно го сакаат Арсенал и Челси, а според медиумите во Италија, Јувентус е во пол позиција да го донесе Кристијан Толис во својот тим.

Толис претходно изајви дека сон му е да игра за Арсенал, но сеуште тоа нема да се случи. Венгер неколку пати потврди дека нема да купува во јануари.

Од друга страна, Јувентус бара фудбалер во средината од теренот кој би можел да го потполни местото на Пирло, Видал и Погба, играчи кои во претходните сезони го градеа редот за врска на тимот.

Далеку од тоа дека Јуве во овој момент има слаб ред за врска, едноставно, медиумите објаснуваат дека тој не е толку добар како во минатото.

Овој 22-годишен играч би можел да дојде во клубот за 35 милиони евра.

Толис воедно оваа сезона одигра 21 натпревар за Лион, постигна 7 голови и 3 асистенции.