Јувентус со победа ја заврши шампионската сезона во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на гости ја победија Болоња во натпревар од последното 38-мо коло во Серија А, 1:2.

Во првото полувреме не беа затресени мрежите. Се играше 52-ра минута кога Сафир Таидер постигна погодок за водство на Болоња.

Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Пауло Дибала со својот погодок го израмни резултатот. Пред крајот на натпреварот Кеан ги постави конечните 1:2.

Јувентус оваа сезона ја заврши на првата позиција во Серија А.