Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Приходите ќе достигнат 400 милиони евра во оваа сезона, клубот има намера повторно да вложи огромни пари во неколку играчи и дополнително да се засили.
Веќе е познае првиот играч кој ќе стигне во Тирино.
Плановите на Јувентус за лето се многу амбициозни, со оглед на тоа дека останаа единствен италијански клуб во ЛШ, ги чека заработка од 65 милиони евра, а ако стигнат во завршницата, повторно ќе инкасираат повеќе од 100 милиони.
Тоа овозможува нова голема инвестиција во тимот, наводно веќе е договорено доаѓањето на Корентин Толисо од Лион кој ќе ги чини 40 милиони евра.
Но, тоа нема да биде најголемо засилување, Јуве се стреми на Ди Марија, тие сакаат да го продолжат правецот кој го зацрта Алегри, односно во формација 4-2-3-1 која делува многу офанзивно и доби многу приврзаници после одличните партии.
Клубот треба да го напушти Кедира кој веројатно ќе се пресели во Америка, можеби и Манџукиќ, во тој случај, ќе пробаат да го доведат Мората.
Него го сака и Челси, но Шпанецот повеќе сака наводно во Јувентус, но одлучува Реал. Впрочем, Перез го нуди него и Иско како дел од договорот за Дибала, Јуве нема да прифати.
Одбраната останува на собир, со исклучок на Дани Алвеш, стигнува Калдара од Аталанта, можеби Лео Бонучи да го напушти клубот во случај на некоја непристојна понуда.
Во секој случај, се верува дека Јувентус кој во оваа година повторно ќе го собори рекордот во приходи има пари да вложи без продажба нови 120 милиони во екипата и така да го зголеми јазот во однос на конкуренцијата.
Покрај тоа, се подмладува екипата со Бентакур и Лијанко Војновиќ кои се практично играчи на Јувентус, веројатно ќе одат на позајмица во првата сезона.
Што се однесува до Алегри, спремни се да му понудат нов договор, ако го добие, веќе имаат некој вид на договор со Лучиано Спалети тренерот на Рома.