Јуве го користи стариот „рецепт“: Продава млад играч, а ако биде добар – ќе го откупи повторно!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Јувентус планира наскоро да заработи 12 милиони евра на еден млад фудбалер, во чиј договор сака да вклучи клаузула со која ќе може да го откупи.

Младиот напаѓач Андреа Фавили најверојатно ќе стане член на Џенова. Фудбалерот на Јувентус импресионираше во претсезонските натпревари, но поради големата конкуренција најверојатно ќе биде продаден.

Доколку Фавили блесне во дресот на Џенова, Јуве ќе може да го откупи за 16 милиони евра во 2020. година, или за 24 милиони евра една година подоцна.

Во минатите две сезони Фавили играше добро во Серија Б за Асколи, па поради тоа Јувентус реши да го купи за 7,5 милиони евра.