Јуве – Доколку Алегри оди во Челси, само две имиња се во игра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После информациите дека Макс Алегри би можел да го превземе Челси на крајот од оваа сезона, италијанските медиуми пишуваат за евентуален наследник, иако Јувентус пред неколку недели соопшти дека смета на Алегри кој го продолжи договорот до 2021 година.

Минатата година Алегри се споменуваше како кандидат за клупата на Арсенал, но и на Реал, па Алегри доби нов договор и се изедначи со платата на Дибала и Игуаин и заработува околу 7 милиони по година и е најплатен тренер во Серија А.

но, доколку повикот од Англија биде со подобра понуда, договорот со Јуве не значи ништо.

Наводно, Зидан е еден од кандидатите за евентуална смена на Алегри, тоа е желба на претседателот Ањели, но останатите членови на управата на клубот сепак не мислат така.

Доколку би заминал Алегри, би сакале да му дадат шанса на Симоне Инзаги, кој прави чуда на клупата на Лацио, но и на Недвед кој би бил идеален наследник и долгорочно решение.

Како трето име се споменува и Диего Симеоне, но веројатноста дека тој бил дошол во Јуве е многу мала, па се чини дека на крај останува дилемата, доколку заминува Алегри, дали наследник ќе биде Зидан или Симоне Инзаги.