Јуве се откажа од Французинот, се јавија Арсенал и Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Јувентус се откаже од ангажирање на фудбалер на Лион, но младиот играч за врска нема да има проблем да пронајде нов клуб во ова лето.

Јувентус во јануари нудеше 40 милиони евра за неговите услуги, но Лион се одлучи да ја одложи евентуалната продажба, иако понудата им се допаѓаше.

Планираа Корентин Толисо во ова лето да го продадат на Бјанконерите, но сега управата на клубот од Торино се откажа од негово купување.

Наводно Макс Алегри изјави дека сега не му треба уште еден централен играч за врска, да се потсетиме во зимата во Торино стигна и Томас Ринкон, а Толисо сосема сигурно нема да го засили актуелниот шампион на Италија.

Сепак, не мора да се грижи за својата кариера, а ни Лион не мора да се плаши дали добро ќе заработи од неговата продажба, бидејќи одма се јавија Арсенал и Интер.

Се очекува Топџиите  и Нероаѕурите да ги подобрат своите понуди во ова лето, предност може да има Арсенал, кој сеуште има надеж да избори пласман во ЛШ, додека Интер е далеку од сите меѓународни европски натпреварувања.