Јуве тргнува по „новиот Жунињо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиумите пренесоа вест дека мета на Бјанконерите е бомбардерот на Монако кој во Франција го споредуваат со легендата на Лион Жунињо Пернамбукано.

Кој е запознаен со ситуацијата во Лига 1 во оваа сезона сигурно е поврзана дека се работи за Габриел Бошиља.

Калчомеркато дознава дека Старата дама интезивно се распрашува за Бразилецот кој во оваа сезона од три од своите четири голови во францускиот шампионат ги даде од слободен удар.

Поради тоа не можеше да изостане споредба со веројатно најголемиот специјалист за слободни во најновата фудбалска историја, Жунињо Пернамбукано, но поедини портали овој 20-годишен офанзивен играч за врска поради стилот на игра го споредуваат и со Рикардо Кака.

Јуве се распрашуваше за Бошиља и во минатата година додека беше член на Сао Паоло, скаутите на Бјанконерите неговото име го имаа во тефтерот уште од пред три години кога настапуваше за У17 репрезентацијата на Бразил на Мундијалито во Емиратите, но Монако во пролетта беше поконкретен и го доведе во своите редови за 7 милиони евра.

Во прилог погледнете го неговиот најубав гол во оваа есен.