Јунакот на отворањето на СП: Голема чест е да се биде желба на Јувентус!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Александер Головин со гол и две асистенции ѝ помогна на Русија да дојде до лесна победа против Саудиска Арабија во првиот натпревар на Светското првенство (СП).

Талентираниот играч на ЦСКА Москва покажа дека не е случајно голема желба на европските гиганти.

„Засега сакам да се фокусирам на Светското првенство, но чест и задоволство ми е што ме сака Јувентус. Сепак, сакам да имам што е можно подобар Мундијал“, вели Головин.

Освен Јувентус, за 22-годишниот играч се заинтересирани Милан и Арсенал.