Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурицио Покетино одлично го предводи тимот на Тотнем, кој не го засилуваше летоска, но и покрај тоа се наоѓа на втората позиција во Премиерлигата, па му се предвидува дека во иднина ќе седне на тренерската клупа на Манчестер јунајтед.
„Ѓаволите“ се подготвени да платат 40 милиони фунти за неговиот потпис, но Тотнем не се грижи поради нивниот интерес, туку поради тоа што интерес за Аргентинецот покажа и Реал Мадрид.
Сантијаго Солари го предводи тимот на Реал, но не е тајна дека претседателот Флорентино Перез сака звучно име на тренерското место, па ќе се обиде да го ангажира Покетино.
Англиските медиуми пишуваат дека во ситуација да добие понуда од Јунајтед и Реал, Покетино ќе се реши за Шпанија бидејќи така би му се остварил сонот да го предводи тимот на „кралевите“.