Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Вест Хем во мечот од 20 коло од англиската Премиер лига славеше со резултат 2:0.
Фудбалерите на Јунајтед ја врзаа шестата првенствена победа и под палката на Жозе Мурињо од почетокот на ноември од минатата година не знаат за пораз, а одиграа веќе 13 натпревари.
После домашната победа над Сандерленд и Мидлзборо, Црвените ѓаволи имаа едно тешко гостување, но сеедно успееја да стигнат до целиот плен и моментално со 39 бодови го заземаат шестото место, и на бод од позиција која води во ЛШ.
Вест Хем се закани во 10 минута преку Ланзини, но Де Геа одлично одбрани.
Можеби се подруго ќе беше ако Мајк Дин во 15 минута не му даде црвен картон на домашниот играч за врска Фегули после оштриот старт на Фил Џонс.
Со играч помалку Јунајтед се закани во два наврати во првиот дел, но резултатот не се менуваше благодарение на расположениот Рендолф на голот не Чеканите.
Голема шанса имаше Вест Хем во 60 минута, кога Мајкл Антонио тргна сам кон голот на гостите, но Де Геа покажа зошто е сместен меѓу тројцата најдобри голмани на светот во овој момент.
Само три минути после одбраната на Де Геа Јунајтед доаѓа до водство.
Мата на уфрлување на Рашфорд погоди за славје на Јунајтед, а во 78 минута Ибрахимовиќ ја запечати судбината на немоќниот домаќин, но неговиот погодок е постигнат од недозволена позиција.
Уште една победа на Јунајтед од Мурињо кој во последно време блеска и да не беше лошиот старт на сезоната, сега веројатно и славниот и трофејниот клуб од Манчестер ќе беше лидер.
Zlatan Ibrahimovic Goal West Ham 0 – 2… by Score5