„Јунајтед не беше клубот од моите соништа“

Јунајтед можеби не беше тим од моите соништа, но беше вистински клуб за мене во тој момент, изјави Хенрик Михтаријан.

Михтаријан во редовите на Јунајтед дојде од Дортмунд , а пред некое време доби прилика во првиот тим и одлично ја користи засега.

Сепак Хенрик порача дека Јунајтед не е тимот за кој мечтаел.

„Јунајтед можеби не беше тимот од моите соништа, но беше вистински избор за мене во тој момент кога преминав овде. Јунајтед е поголем клуб од Борусија Дормтунд, тоа сите го знаеме и треба да се прифати тоа“ – изјави Хенрик Михтаријан.