Јунајтед сака да ја засили одбраната, доаѓа дефанзивец од Серија А!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се препороди по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерското место, па сега имаат пет победи од пет натпревари.

Сепак, „ѓаволите“ бараат нови засилувања во јануари, а најверојатно прво ќе биде засилена дефанзивната линија.

Фудбалерот на Рома, Костас Манолас со години е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а многумина го сакаа и минатото лето.

Добра вест за Јунајтед е тоа што Гркот има откупна клаузула од 36 милиони евра, но таа важи од наредната сезона.

Ако го сакаат уште во јануари, тогаш ќе мора дефинитивно да платат многу повеќе од споменатата сума.