Јута славеше против Далас, Клиперси се поигруваа со Визардси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас синоќа пред своите навивачи дожиева пораз од Јута Џез, тим кој не знае за пораз на гости.

Гостинскиот тим имаше предност од првата четвртина и не ја испушти до крајот на натпреварот. Јута после првите 10 минути имаше водство од 26-19, додека на полувремето резултатот беше 50-46 за гостите.

Во третиот дел гледавме изедначен натпревар во кој Далас пробуваше да дојде до пресврт, но кошаркарите на Јута не го допуштија тоа. Гостите успеаа некако да ја чуваат предноста, иако Далас на неколку пати сериозно се закани. На крај резултатот заврши со 113-104, а Јута дојде до четвртата победа во новата сезона.

Најефикасен во победничкиот тим беше Гоберт со 23 поени, додека Мичел постигна 20. Во екипата на Далас се истакна Смит со 27 поени, додека Лука Дончиќ одигра нешто поскромен меч и запиша 14 поени.

Убедлива победа оствари и тимот на Клиперси против Визардс со резултат од 136-104. Клиперски одиграа фантастичен меч и заслужени славеа на крилјата на Харис кој запиша 22 поени. Синоќа славеше и Оклахома против Феникс со 117-110.