Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Ламин Јамал синоќа организираше спектакуларна прослава за својот 18-ти роденден на која присуствуваа бројни познати личности од сите сфери. Младиот ас на Барселона од денеска е официјално полнолетен, но е познато зошто мораше забавата да ја организира еден ден порано.
Еден од најдобрите играчи во светот токму денеска полни 18 години, иако веќе две години е на голема сцена и игра во неверојатна форма.
Јамал вчера беше во центарот на вниманието, бидејќи во Барселона организираше спектакуларна прослава за своето полнолетство на која присуствуваа многу познати личности од сите сфери.
Сепак, на социјалните мрежи нема многу фотографии и снимки од забавата, бидејќи Јамал строго забрани на гостите користење на мобилни телефони и камери, па мораа на влезот да ги остават своите уреди.
Секоја објавена фотографија прво мораше да добие одобрување од Јамал, а моментално доступни се само фотографии направени со неговото семејство.
Се вели дека Јамал првично планирал да ја организира забавата денеска на Ибица, но во последен момент морал тоа да го промени.
Јамал беше информиран дека не може да ја организира прославата на денот на роденденот и дека ќе мора да го направи нешто порано.
На крајот одлучил прославата да биде ден пред роденденот, а шпанските медиуми објаснија и зошто дојде до таа промена во распоредот.
Имено, играчите на Барселона започнуваат со подготовки за новата сезона и денеска се обврзани да се појават во тренинг центарот за да направат лекарски прегледи и потоа да извршат разговор со Ханси Флик.
Birthday boy Lamine Yamal reporting to pre-season training 🎂 pic.twitter.com/Wj0kPEu5iH
— BarçaTimes (@BarcaTimes) July 13, 2025