Јамал долго ќе го памети тоа што Рамос го кажа за него


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Ламине Јамал има само 17 години, но веќе за многумина без дилема е еден од најдобрите играчи на светот. За него зборуваше и Серхио Рамос, и ги изненади многумина со она што го рече за ѕвездата на Барселона.

Јамал со само 16 години дебитираше во првата екипа на Барселона и веќе тогаш беше јасно дека се работи за неверојатен талент пред кого е блескава иднина.

За кратко време, овој тинејџер стана еден од најважните играчи во каталонскиот тим, но и во репрезентацијата на Шпанија на која и помогна минатото лето да ја освои титулата на Европското првенство.

По уште една фантастична сезона многумина сметаат дека Јамал е меѓу главните кандидати за освојување на Златната топка, и дека борбата ќе се води меѓу него и Усман Дембеле.

За момчето кое следниот месец го слави својот 18. роденден зборуваше и легендарниот Серхио Рамос, кого Јамал исто така го воодушеви со својата игра.

Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид е познат по тоа што нема симпатии кон вечниот ривал Барселона, но кога станува збор за Јамал, едноставно, мораше на младата ѕвезда на Блауграна да и оддаде признание.

“За мене Lamine Јамал не е идната, туку сегашната ѕвезда која се наметнува со полна сила. Пред него е цела кариера и треба уште многу да докаже, но веќе сега руши многу рекорди и прави нешта кои не се нормални за играч на негови години”, рече Рамос и додаде.

Фото: Принтскрин