Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ламин Јамал, со само 18 години, е еден од големите фаворити за освојување на Златната топка за 2025 година, која ќе биде доделена на 22 септември.
Во моментот, Осман Дембеле (28 години) се смета за главен фаворит за Ballon d’Or, откако со Парижаните ги освои сите домашни трофеи, трофејот од Лигата на шампионите, се пласираше во финалето на Светското клубско првенство и го освои европскиот Суперкуп.
На листата која ја составија англиските новинари, Ламин Јамал е на второ место, зад Французинот. Сега ѕвездата на Барселона проговори за можноста да ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.
„Тимски, освојувањето на Лигата на шампионите со Барселона би било неверојатно“, рече Јамал и потоа призна дека ја посакува Златната топка.
„Индивидуално, секој играч сака да го освои Ballon d’Or, и секој што вели дека е поинаку лаже. Да се биде меѓу фаворитите на 18 години е нешто што се цени и се надева дека ќе се случи“, изјави Јамал, според Мундо Депортиво.
Фото: Принтскрин