Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Голема драма се случи синоќа на Џузепе Меаца во Милано, а Интер после продолженијата ја совлада Барселона со 4:3 и така се пласираше во финалето кое во мај ќе се игра во Минхен, додека на играчите на Барселона им останува само да жалат и што побрзо да се обидат да се опорават.
До синоќа, Барселона беше најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите. После 3:3 во првиот меч, очекуваше се дека Каталонците би можеле да ги елиминираат непријатните Италијанци во реваншот и беа на добар пат бидејќи, иако губеа со 0:2 на полувреме, со голот на Рафиња поведоа со 3:2 во 87. минута.
Во продолжението, Думфрис повторно се истакна со асистенција од крилото, а стоперот Ачерби во манир на расен напаѓач постигна гол за 3:3, за да златниот џокер Фратеси во продолженијата ги сруши сите соништа на Каталонците.
Барса беше блиску, но остана без деветто финале во Лигата на шампионите. Со тоа се отпадна можноста да се освојат сите трофеи оваа сезона. Освоија Суперкуп на Шпанија и Куп на Шпанија, па сега останува надежта дека сепак ќе дојдат до двојната круна со освојување на Ла Лига, каде имаат четири бода повеќе од Реал Мадрид, кого го пречекуваат за викендот.
„Дадовме сè од себе, оваа година не беше можно, но ќе се вратиме, немајте никакви сомневања. Нема да запреме додека не го оставиме овој клуб таму каде што заслужува, на врвот. Ќе го одржам ветувањето и ќе донесам трофеј во Барселона, нема да запреме додека тоа не го постигнеме. Но неделата е уште едно финале и сите мораме да бидеме заедно. Виска ел Барса!”, објави талентираниот Ламин Јамал на својот Инстаграм по натпреварот.
Фото: Принтскрин