Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Никола Јокиќ блескаше, Денвер ја победи Оклахома, и ќе гледаме седми натпревар од една од најинтересните серии во плеј-офот на НБА лигата оваа сезона.
Денвер Нагетс во моментот се најуморниот тим во НБА лигата затоа што ги очекува 14-тиот натпревар во плеј-офот, но пред него ќе имаат речиси два слободни дена. Таа вест го радува Никола Јокиќ.
Веднаш беше прашан и што би можело да ја одлучи седмата игра во серијата.
„Веројатно одбраната. Сметам дека деталите во одбраната, особено нашиот скок поради начинот на кој тие напаѓаат, па нашите загубени топки,… Зависи и од тоа како ќе почне натпреварот. Ако ги забавиме, ако почнат да трчаат… Зависи. Тие сакаат играње во побрзо темпо, да наоѓаат отворени шутеви. Ние сакаме поспор натпревар, да бараме различни позиции за шут. Сметам дека е интересно за гледање. Деталите ќе го одлучат победникот“, заклучи Јокиќ.
Фото: Принтскрин