Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, се стреми кон местото каде што се наоѓаат најголемите легенди на играта под обрачите, и редоследно ги руши рекордите што ги држат некои од најголемите играчи.
Само е прашање на време кога Јокиќ ќе стане рекордер по бројот на трипл-даблови, а по натпреварот против Јута, сруши нов рекорд со кој го претекна легендарниот Лери Бирд.
Јокиќ на натпреварот против Јута постигна 27 поени, што му помогна да ја премине јубилејната бројка од 16.000 поени и сега има 16.011. Со пробивањето на границата од 16.000, а откако претходно имаше 8.000 скока и 5.000 асистенции, Јокиќ стана играч кој најбрзо го постигнал тоа во историјата.
.Putting up numbers at lightning speed ⚡️ pic.twitter.com/AklcE2yreD
— Denver Nuggets (@nuggets) March 29, 2025