Јокиќ го зачуди светот:Се врати во Србија и ги покажа своите квалитети во друг спорт (ВИДЕО)


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на планетава, но ако му дадете топка, ќе биде најдобар во секој спорт. Тоа го покажа уште еднаш.

Центарот на Денвер е снимен како се релаксира и игра футсал со деца на базенот, а снимката брзо ги преплави социјалните мрежи, дури и Денвер ја сподели на официјалниот Твитер профил.

Покрај базенот импровизираа терен, наместија тениска мрежа и со фудбалска топка се забавуваа префрлувајќи ја од една на друга страна.

Фото: Принтскрин