Јокиќ критикуваше соиграч: Ако не сакаш да се посветиш, не се занимавај со спорт


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, не избра многу убави зборови за Мајкл Портер Јуниор, по победата против Лос Анџелес Клиперс во првиот меч од плејофот на НБА лигата.

Србинот беше видно незадоволен од учинокот на крилото на Нагетс. Портер на овој натпревар забележа само три поени, со четири скока.

Го прашаа по натпреварот Јокиќ за учинокот на Портер. Србинот остро одговори.

„Ако не сакате да бидете вклучени сега – тогаш не би требало да се занимавате со овој спорт“, кажа Јокиќ.

Фотографија: Denver Nuggets/FB