Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Ѕвездата на Денвер Нагетс Никола Јокиќ најверојатно ќе стане водечки играч на сите времиња по бројот на трипл-дабл во историјата на НБА лигата следната сезона.
Трикратниот MVP на НБА е подготвен да направи историска пресвртница во историјата на најсилната лига на светот, а моментално е само 39 трипл-дабл натпревари зад Расел Вестбрук, кој е моменталниот лидер со 203 трипл-дабли.
Јокиќ е трет на листата на сите времиња со 164, зад Вестбрук и НБА легендата Оскар Робертсон, кој има 181 трипл-дабл.
Јокиќ е исто така подобро рангиран на листата од некои од најголемите играчи на лигата на сите времиња, вклучувајќи ги Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Вилт Чембрлен.
За потсетување, Јокиќ минатата сезона, земајќи го предвид лигашкиот дел и плеј-офот, имаше вкупно 37 трипл-дабл.
Сето тоа оди во прилог на рушењето на рекордот во сезоната 2025/26 и многу веројатно е дека Јокиќ ќе успее да стане најдобар во оваа категорија.
Фото: Принтскрин