Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Познатиот руски сајт „Чемпионат“ го анализираше досегашниот учинок на Никола Јокиќ во НБА лигата.
Јокиќ оваа сезона има просек од 30,9 поени, 12,5 скока и 9,7 асистенции на 24 натпревари, што се најдобри бројки во кариерата на српскиот ас.
Авторот на текстот смета дека тоа нема да биде доволно за Сомборецот по четврти пат да го освои МВП признанието – поради повеќе причини.
Првата причина е слабата форма на Денвер, кое се наоѓа во криза и има учинок од 16-12.
“Да, Јокиќ е одличен на теренот, но исто така е факт дека Нагетс станаа просечен тим. Во моментот заземаат петто место на Западот и без голема размена на играчи во текот на следниот ‘трејд’, ќе им биде тешко да бидат кандидати за титулата”, пишува во текстот.