Јокиќ нема да ги исполни условите и ќе остане без МВП-титула!?


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Никола Јокиќ пропушти уште еден натпревар поради повреда, што отвора прашање дали ќе ги исполни условите за освојување на МВП наградата. Правилата се јасни, а српскиот центар е на самиот раб.

Никола Јокиќ нема да игра против Хјустон Рокетс, потврдија Денвер Нагетс, што значи дека ќе го пропушти четвртиот натпревар по ред.

Веќе претходно беше вон составот против Портланд Трејл Блејзерс, Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс.

Јокиќ се повреди во дуелот против Вашингтон Визардс, а оттогаш не ја заигра за својата екипа.

Поминаа седум дена откако последен пат беше на терен, и сè уште не е подготвен за враќање.

Неговото отсуство веќе има последици – сега е втор во трката за МВП, зад Шаи Гилџис-Александер.

Навивачите се загрижени бидејќи НБА правилата наложуваат дека играч мора да одигра најмалку 65 натпревари за да биде во конкуренција за наградата.

Јокиќ досега настапи во 62 натпревари, а Денвер до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште 11 натпревари.