Јокиќ повторно доминираше со трипл-дабл: Денвер го растури Феникс за првата победа во НБА (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, го постигна својот нов трипл-дабл во НБА сезоната, откако истото што го направи во првиот натпревар на Денвер против Голден Стејт, го повтори и во следниот против Феникс.

Овојпат, Денвер оствари убедлива победа од 133:111 и сега има скор од една победа и еден пораз во првите две кола.

Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 14 поени, 14 скока и 15 асистенции.

Одлични за Денвер беа и Џамал Мареј со 23 поени, 6 скока и 5 асистенции, како и Кристијан Браун со 20 поени и по три скока и три асистенции.

За Феникс се истакна Девин Букер со 31 поен и седум асистенции.

Јокиќ можеше да биде и поефикасен, но не сакаше да “троши” премногу топки, од игра шутираше 5 од 8, а сите промашувања беа за три поени, додека за два и од линијата за слободни беше максимален.

.