Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Кошаркарите на Денвер нагетс ја запишаа и четвртата победа по ред и имаат вкупно седум во сезоната, откако во “Ball Arena” падна екипата Indiana Pacers со резултат 117:100. Ова беше еден од оние натпревари кои во ниту еден момент не беа резултатски интересни и составот од Колорадо постигна скор 7-2 и стигна до делење на местото на Западот, а ривалот падна на 1-8 и делење на претпоследната позиција на Истокот.
Централна фигура беше Никола Јокиќ, кој во деветтиот натпревар во кампањата запиша шести трипл-дабл, и за тоа му беа потребни само 22 минути игра, па во третиот квартал веќе прослави двоцифрени бројки во три категории. Тоа му се случи четврти пат од почетокот на кампањата.
Српскиот центар постигна дури 32 поени, со по 14 скокови и асистенции, и така ја поведе екипата на Nuggets кон повеќе од лесна победа. Пукаше 10/14 од игра, 11/12 од слободни, но имаше и дури осум загубени топки, што секако не го намалува одличниот учинок и неговиот 170. трипл-дабл во регуларната сезона.
.















