Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Никола Јокиќ жали што не му ја додаде топката на Џамал Мареј во последните секунди од натпреварот со Лос Анџелес Клиперс.
По кошот на Кавај Ленард за 105:102, Нагетси имаа 12,5 секунди да погодат тројка за продолжение.
Мареј ја пренесе топката на противничката половина, го проигра Кристијан Браун, кој се ослободи од својот чувар, но катастрофално промаши целиот обрач.
Меѓутоа, на пет секунди до крајот, топката ја фати Јокиќ, кој имаше отворено Мареј, но се одлучи за тежок шут преку Ленард и – промаши.
„Мислам дека беше добро. Ако можеш да ја пренесеш топката, мислам дека е тоа добра одлука. Да повикавме тајм-аут, тие ќе имаа уште еден фаул на располагање. Кристијан Браун промаши, можеби требаше да му ја додадам на Џамал, беше во добар налет, но тешко е да се размислува за тоа“, ги опиша одлуките во последниот напад Јокиќ.
NIKOLA JOKIC FOR THE TIE 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/JZLwhLZBvC
— BricksCenter (@BricksCenter) April 22, 2025
Фото: Принтскрин