Јовиќ прави трансфер на другиот крај на планетата!?


Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Лука Јовиќ се наоѓа пред затворање на едно поглавје во својата кариера – она европското.

Неговиот следен, седми клуб во кариерата, може да дојде од просторот на Северна Америка, ако им се верува на информациите на италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио.

По Црвена Звезда, Бенфика, Ајнтрахт, Реал, Фиорентина и Милан, редот дојде за преселба во Мексико и екипата на Круз Азул.

Јовиќ ова лето му истекува договорот со Милан кој има опција да ја продолжи соработката за уште една година, но тоа во моментот не е премногу реално.

Јовиќ одигра 17 натпревари за Милан во сезоната 2024/25, постигнувајќи четири гола.

Фото: Принтскрин