Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Душан Влаховиќ од зимава ќе може да преговара со други клубови околу својата иднина, бидејќи на крајот на сезоната му истекува договорот со Јувентус.
Сепак, Бјанконерите нема така лесно да се откажат од борбата да го задржат српскиот напаѓач, иако летоска изгледаше дека разделбата на двете страни е речиси сигурна.
Сега Јувентус има три начини да го задржи 25-годишниот центарфор – работа со Спалети, љубовта на навивачите и нова плата.
Влаховиќ оваа сезона според договорот ќе добие 12.000.000 евра, а клубот од Торино би можел за новата соработка да му понуди најмногу 8.000.000, но потенцијално би можело да се вметне зголемување за секоја година на договорот.
















