Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Во разгор на летниот трансфер период, главни актери се два европски гиганти – Јувентус и Барселона.
Сѐ почесто слушаме трансфер шпекулации, а шпанските медиуми носат спектакуларна шпекулација во режија на Јувентус и Барселона.
Како што наведува „Diario Sport“, Старата дама нуди 50 милиони евра за „капиталецот“ на Барселона – Роналд Араухо.
Каталонците со сите сили тргнаа по Нику Вилијамс, но за да ги надминат регулативите, некој ќе мора да го напушти клубот.
Подолго време се зборува за заминување на Араухо од Барселона, а сега првиот кандидат за негово доведување е италијанскиот гигант – Јувентус.
Старата дама го гледа Уругваецот како одлично решение за своите проблеми во последната линија и ќе тргне по него со сите сили ова лето.
Јувентус во следната сезона сака да се врати на големата сцена, односно има шампионски амбиции, а за да ги оствари зацртаните цели, ќе треба значително да го засили играчкиот кадар.
Во Араухо гледаат одличен лидер, а што му оди во прилог на 26-годишникот е и неговата поливалентност која е широко позната.
Араухо е по вокaција централeн бек, но добро се снаоѓа и на позицијата десен бек, што на неговите тренери им дава простор за тактичка флексибилност.
Во Барселона се уште се неодлучни по повод понудата. Блауграна не би била толку против неговото заминување, но сметаат дека сумата од 50 милиони евра нема да биде доволна.
Фото: Принтскрин