До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Јувентус преговара со одбранбениот играч на Реал Мадрид Антонио Ридигер, кому во јуни му истекува договорот со шпанскиот клуб.
Како што денеска објави „Тутоспорт“, управата на Јувентус веќе започна преговори со германскиот фудбалер, кој летово ќе биде слободен играч откако крајот на јуни ќе му истече договорот со Реал.
Тренерот на црно-белите Лучано Спалети го почитува Ридигер и повторно го сака во тимот, бидејќи соработуваа во Рома од 2015 до 2017 година.
Јувентус би го добил Ридигер за тригодишен договор вреден од пет до шест милиони евра по сезона.
















