Њукасл го потврди своето второ засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од одбраната, Флориан Лејеун е второ засилување за тимот на Њукасл ова лето.

26 годишниот играч со клубот предводен од Бенитез потпиша петгодишен договор што ќе го задржи на „Сент Џејмс“ до 2022 година.

Леујеун е второ засилување за Њукасл по Кристијан Атсу кој потпиша перманентен договор со клубот ова лето откако минатата сезона ја помина како позајмен играч од редовите на Челси.

Леујен кариерата ја почнал во Центре де Парис, па играл во Расинг Клуб де Франс, Безиерс, Сете и Адге, а својата афирмација ја имаше во дресот на шпански Еибар.