Ќерката на Синиша Михајловиќ во врска со фудбалер на Јувентус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа што е тренер на Торино, не и сметаше на ќерката на Синиша Михајловиќ да ја пронајде својата љубов во редовите на Јувентус.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Вирџинија е во врска со младиот дефанзивец на Старата Дама, Алесандро Вољачо, кој е и капитен на младинскиот тим на Јуве.

Наводно, тие двајца веќе биле и верени и сакаат да стапнат на лудиот камен. Оваа информација не е официјална и нема потврда за истата, но според фотографиите на социјалните мрежи, прашање е на време кога ќе се случи тоа.

Медиумите овој случај го поврзаа и со Бонучи, додека го носеше дресот на Јуве. Имено, неговиот син бил голем навивач на Торино.