Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал и Манчестер Сити ги победила бодовите во вчерашниот меч од 30 коло од англиската Премиер лига.
Арсенал после овој бод остана на 6 место на табелата со 51 бод, односно седум помалку од Манчестер Сити кој се наоѓа на позиција која во наредната сезона води во квалификациите за ЛШ.
Тренерот на Арсенал Арсен Венгер порача дека на неговиот тим ќе биде многу тешко да стигне некој од првите четири места на крајот на оваа сезона.
„Ќе биде многу тешко да дојдеме до четврто место на крајот на сезоната. Сите се наѓаат на неколку бода разлика. Мислам дека Пеп Гвардиола рече дека влез меѓу четирите најдобро екипи во Англија е еднакво на освојување на трофеј затоа што е многу тешко.
Сепак, ние ќе се бориме. Првата важна работа за нас е да прекинеме да губиме, втората е да поработиме на самодовербата, а третата во среда вечер да победиме против Вест Хем Јунајтед. Вчерашниот меч го почнавме многу нервозно. Игравме без дисциплина, бевме под голем притисок. Исто така, брзо примивме гол. Сепак, подоцна покажавме колку сме психички силни и видовме дека тимот е спремен да се бори“, рече Венгер.