Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21:00 часот, понеделник 12.12.2016, голем ден во Рим, во Италија, голем ден за фудбалскиот свет бидејќи вечерва на програмата од спомнатото време е натпреварот кој како што историјата вели никогаш не бил понеизвесен.
Ќе гори Олимпико вечерва, како на трибините каде навивачите на двете екипи се доста познати во фудбалскиот свет, така и долу, на теренот, на зелената површина силите ќе ги одмерат две доста силни екипи оваа сезона, две екипи кои во себе имаат потенцијал, даваат надеж за враќање на италијанскиот фудбал на старите патеки.
Падот на Милан, познат во годиниве наназад полека почнува да се топи како снег на сонце, Милан се враќа. Кој ли очекуваше Милан со тој млад тим, со тие играчи дека на полусезона ќе биде не меѓу топ 3, еве да кажеме во првите пет екипи, сигурен сум дека никој, барем не доколку се гледаше играчкиот кадар и очајните трансфери на Галијани.
Милан тоа го демантираше, нов тренер, нови играчи, нови амбиции, нова сезона, а наскоро и нови сопственици. Со еден збор кажано нов Милан се роди во Италија.
Рома, позната дека се држи на самиот врв на Серија А во последните неколку години, така и годинава играат солидно и се држат на второто место со 32 бодови исто колку и Милан, но со подобрата гол разлика се на повисокото место. Вечерва ќе се докажат дали ќе го задржат тоа или пак екипата на Виченцо Монтела ќе излезе пресилна за борците на Спалети. Тоа вечерва не е само обичен натпревар туку едно одмерување на силите, еден испит за „росонерите“. Испит дали се спремни за враќање на старите патеки, дали се спремни повторно да победуваат. На повидок е дека Миланезите се спремни за тоа, родени за победа, од мерак да се гледа како еден таков тим како Милан, веќе скоро пропаднат, по мислењето на многу фудбалски „стручњаци“ се враќа, се раѓа повторно. Ренесансата во Милан е нешто најдобро што се случило на Италијанскиот фудбал во последните години, дефинитивно.
Последен пат на 14ти мај 2016 Милан на Сан Сиро беше посрамотен, соголен, искршен од страна на Рома со 1:3. А последната победа ја славеа против Рома истотака на Сан Сиро на 9ти мај 2015 кога славеа со 2:1.
Кога веќе почнавме, да продолжиме со статистички податоци кои со сигурност велам дека во фудбалот не кажуваат ништо бидејќи се е менливо, се се менува. Рома во Серија А против Милан има славено 10 победи, доживеано 9 порази и истотака нерешни дуели. Додека пак во купот на Италија има 1 победа против Милан, три порази и два нерешени дуели. Статистиката вели дека во купот Милан е подобар, во лигата Рома има предност гледајќи ги статистиките. Но тие се само на хартија, на теренот не важи статистика, таму важи само жарот кој играчот го дава, тоа борење за 3 бода, тоа трчање, мачење, е тоа е тоа што му треба на фудбалскиот свет. Вечерва пред фудбалскиот свет е еден таков дуел, дуел во кој никој неможе да го предвиде победникот а притоа да изјасни аргументи.
Заборавете ги статистиките, вечерва е тој дуел во кој ќе се одлучи кој ќе биде поблизу до Јувентус, а и поблизу до врвот. Тоа вечерва не е само обичен фудбалски натпревар во кој се борат за обични три бода, тоа вечерва е голем дуел за целокупниот фудбалски свет.