Ќе го гледаме ли најинтересниот меч на СП? Ова се можните состави на Франција и Аргентина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварувањето на Светското првенство во Русија продолжува денеска со натпреварите од осминафиналето, а прв е дуелот помеѓу Франција и Аргентина.

Аргентинците со многу среќа се пласираа во осминафинале, па не владее добра атмосфера во нивните редови. Сепак, од друга страна ниту во Франција не се задоволни со игрите на екипите во првите три натпревари.

Денеска очекуваме интересен натпревари и ќе видиме дали Аргентина има сила за пласман во четвртфинале. Очигледно Хорхе Сампаоли знае каков ќе му биде составот и најверојатно нема да менува ништо во однос на дуелот против Нигерија.

Од друга страна, Дидие Дешам би можел да направи неколку измени, француските медиуми пишуваат дека подготвил големо изненадување во средината, односно дека ќе игра Набил Фекир

Можните состави на репрезентациите изгледаат вака:

Франција: Лорис, Сидибе, Варан, Умтити, Ернандез, Канте, Матуиди, Погба, Фекир, Мбапе и Гризман.

Аргентина: Амани, Меркадо, Отаменди, Рохо, Таљафико, Маскерано, Банега, Перез, Ди Марија, Меси и Игуаин.