Ќе го запре ли некој? Барди со ново ремек дело од слободен удар (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди продолжува со фантастичните игри во дресот на Леванте.

На натпреварот против тимот на Реал Сосиедад кој Леванте го доби со неочекувано високи 3:0, Барди беше творец на последниот погодок.

Имено, во самиот финиш од натпреварот Леванте доби слободен удар, а сигурен изведувач на истиот беше токму 22 годишниот фудбалер.

Ова е трет погодок на Барди во Ла Лига во дресот на Леванте.