„Ќе го молите наскоро Роналдо да престане да постигнува голови“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Јувентус, Федерико Бернардески е еден од најеуфоричните во екипата.

Јувентус ја почна сезоната со цел да стигне до трофејот во Лигата на шампиони, а во тоа на „бјанконерите“ треба да им помогне Кристијано Роналдо, кој пристигна за малку повеќе од 100 милиони евра.

Во првите три натпревари Португалецот не постигна гол за Јувентус, но Бернардески не е загрижен и нема дилеми дека наскоро Роналдо ќе почне да дава голови.

„Чест е да се соработува со Роналдо, од него се обидувам да научам многу, зашто тој е вистински мајстор. На теренот е нормален тип и многу позитивен. Тоа што не постигнал гол, не создава никаков притисок“, кажа Бернардески.